Спротивно од сите предвидувања и анализи, Шкупи достоинствено се претстави и остана непоразен против една од најдобрите екипи од југозападна Европа, Динамо Загреб. Активните 2-2, кои ги носат од главниот град на Хрватска, „чаирчани“ треба да ги мотивира да веруваат во подвиг кој може да ги донесе дури и во третото коло од квалификациите на Лигата на шампионите.