Дефанзивецот на Динамо Загреб, Дино Периќ зборуваше за двомечот со Шкупи по победата на арената „Тодор Проески“. Хрватот имаше пофални зборови за чаирчани, нагласи дека во оваа фаза секогаш е тешко против силно мотивирани екипи. Сепак, Периќ кажа дека, иако Динамо е тим кој пред неколку години го исфрли Тотенхем во Лига Европа, во Скопје дошле со максимален респект кон Шкупи.