Екипата на Шкендија не успеа да го искористи домашниот терен и одличната атмосфера на трибините и вторпат во низа одигра без голови против големиот ривал Шкупи (0-0). Во долго очекуваниот дуел во Тетово, домашните фудбалери предводени од старо-новиот стратег Ќатип Османи, го надиграа бранителот на титулата и имаа тотална доминација на терен, но немаа решение за Кристијан Наумовски, кој запиша брилијантен натпревар и на својот тим му обезбеди важен бод од ова тешко гостување.