Шкупи пропушти голема шанса за четврта победа во низа и во финишот остана без два бода гостувањето кај Македонија ЃП (1-1) во 13. коло од Првата фудбалска лига. Домашната екипа долго време заостануваше, а на крај сепак успеа да извлече реми, кое секако го задоволува тренерот Муарем Бајрами, со оглед на играта на неговите избраници на деншниот натпревар.