Тетекс објави видео: Дали анализата на ФФМ по ова не е срамна? (ВИДЕО)

Екипата на Тетекс се жалеше на судењето на натпреварот против Караорман, па се огласија од Судиската комисија при ФФМ во чија анализа истакнаа дека нема грешки на овој дуел и дека се е регуларно.

Од таборот на „штофарите“ имаа забелешки за погодокот на стружани, но и покрај тоа од ФФМ посочија дека клубовите треба вината за поразите да ја бараат во своите редови, а не во судиите. Од Тетекс објавија видео на кое се гледа ситуацијата и испратија прашање до ФФМ - зарем вашата судиска анализа не е срамна?

„Почитувани членови на судиска комисија, на кој натпревар сте направиле анализа и на која ситуација? Дали воопшто сте ја погледнале спорната ситуација? Да, судиски грешки секогаш имало и ќе има, но дали вашата анализа не е срамна? Очекуваме членовите на судиската комисија да ни објаснат, како е ова гол!“, велат од ФК Тетекс.

  • Видеото објавено од ФК Тетекс:

Тетовската фудбалска гордост се бори за опстанок во ВМФЛ, под водство на тренерот Љупчо Марковски - Калц. Целата екипа претрпе промени во текот на зимата, па покажа и далеку подобра игра.