• Зоран Мишевски

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја изрече казната за актуелниот шампион Шкупи, поради прекинатиот натпревар против Шкендија во четвртфиналето на Купот на Македонија.
Првакот од Чаир доби забрана да биде домаќин на својот стадион на шест натпревари поради инцидентите кои навивачите ги предизвикаа при гостувањето на Шкендија во четвртфиналето од националниот куп.
Шкупи во следните пет натпревари ќе биде домаќин надвор од Скопје, најмалку 100 километри од својот стадион, бидејќи додека ја чекаше висината на казната го игра дуелот против Скопје во есенскиот дел од сезоната во ПМФЛ на стадионот во Кичево.
Казната не вклучува Шкупи следните пет натпревари надвор од Скопје да ги игра зад затворени врати.