ВИДЕО: Тепачка и „безброј“ црвени картони во ремито на португалските гиганти

Екипата на Спортинг Лисабон испушти голема шанса да се доближи на четири бода до лидерот Порто во Примеира. Имаше водство од 0-2, но откако остана со играч помалку испушти здив и одигра 2-2 во големото дерби на португалскиот шампионат.

Шампионот, со головите на Паулињо во осмата и Сантос во 34. минута, се избори за сигурна предност од 0-2, но домаќинот брзо се врати во игра и преку Виеира на полувреме замина со минимална негатива од 1-2.

На стартот од вториот дел Себастијан Коатеш доби втор жолт картон и прерано се упати во соблекувалната, а Порто го искористи тоа во 78. минута, кога Тареми стрелаше за конечни 2-2. Во самиот финиш момците на Серџо Консеисао имаа неколку шанси за комплетен пресврт, но голманот Адан беше на висината на задачата и не дозволи нова капитулација. 

  • Извештај од натпреварот: 

Пред самиот крај еден од помошниците на Рубен Аморим доби директен црвен картон, поради недозволена сугестија кон фудбалерите, а веднаш по последниот судиски свиреж следуваше голема мешаница и тепачка на теренот, па главниот судија мораше да реагира и подели уште најмалку четири црвени картони, по два во двата тима.

Состави

Sergio Conceicao

4-4-2

    Рубен Амурим

    3-4-3