Тен Хаг ја започна новата ера во Јунајтед и ги соопшти тестовите

Холандскиот тренер Ерик Тен Хаг официјално го презеде Манчестер Јунајтед и ја започна новата ера во кариерата.

52-годишниот стратег доаѓа од редовите на Ајакс, клуб со кој стана шампион на Холандија. Фудбалерите во моментов се на одмор од сезоната, а ќе стартуваат на 27 јуни. 

Пријателските натпревари ќе стартуваат на 12 јули против Ливерпул во Бангког, а потоа на 15 и 19 јули ќе се игра во Австралија, против Мелбурн Виктори и Кристал Палас. Крајот на австралиската турнеја ќе биде против Астон Вила.

Не сите играчи на Манчестер Јунајтед ќе бидат присутни на првиот собир, поради интернационални обврски. Најавени се и промени во составот и нови трансфери.