Супер-засилување за Шкупи: Марјан Радески пристигна во Чаир

Екипата на Шкупи продолжи да се засилува за новата сезона и да формира тим за највисоки дострели во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако договори соработка со Марјан Радески.

26-годишниот крилен играч минатата сезона ја мина во Академија Пандев, но реши дека по крајот на Европското првенство (ЕП) ќе бара нова средина. Си замина од Струмица, а следна станица ќе му биде екипата на Шкупи каде ќе соработува со Гоце Седлоски.

Двете страни веќе се договорија за соработка и Радески ќе продолжи во Шкупи. Договорот е потпишан, се чека само на официјалната презентација на играчот.

Репрезентативецот (17 настапи, еден гол во дресот со државниот грб) дојде меѓу „пандевци“ од Шкендија, а претходно настапуваше за Металург и 11 Октомври. Радески во Академија Пандев одигра дваесет натпревари на кои даде пет гола.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.