ВИДЕО: Супер-пресврт на „змејовите“, Порто на чекор до финалето на Купот

Порто се наоѓа на чекор до финалето на Купот на Португалија, откако од главниот град се врати со победа над Спортинг со 1-2 и на реваншот на „Драгао“ ќе се обиде да ја заврши работата. Не им беше лесно на избраниците на Серџо Консеисао, посебно откако „лавовите“ на Рубен Аморим поведоа со прекрасниот голман на Шпанецот Сарабија.

  • Извештај од натпреварот: 

Иранецот Тареми и Еванилсон приредија пресврт и гостите од Порто во тензично второ полувреме се изборија за предност пред реваншот на 20 април.

Порто граби кон враќање на титулата во Примеира, каде има шест бода повеќе од Спортинг, а обезбеди и осминафинале во Лига Европа, елиминирајќи го Лацио. Противник во следната фаза ќе му биде француски Лион. 

Во второто полуфинале на Купот на Португалија утре се среќаваат Тондела и Мафра. 

Состави

Рубен Амурим

5-3-2

    Sergio Conceicao

    4-4-2