Судиската комисија потврди: Голот на Караорман со Тетекс е регуларен

Последниот натпревар од 19. коло на Втората македонска фудбалска лига се одигра во текот на вчерашниот ден, а заврши со победа на Карорман против Тетекс од 1-0. Човек на одлука беше Марио Дебрешлиоски, кој во 67. минута го одлучи мечот. 

Од таборот на „штофарите“ се по натпреварот упатија јавна жалба до ФФМ и арбитражата, посочувајќи ја меѓу другото токму и ситуацијата при примениот гол за победа на Караорман. Сепак, Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија денес ја анализира ситуацијата и потврди дека голот е регуларен. 

Според анализираното, при додавањето до Дебрешлиоски, играчот со број десет на Тетекс доцни во излегувањето и поставувањето на офсајд замка. Поради тоа, Судиската комисија ја потврди одлуката на судиите како коректна, односно негира дека Тетекс е оштетен на „Градскиот стадион“ во Струга.