• Мартин Танасковски

Екипата на Струга Трим Љум потврди уште две заминувања од своите редови и ќе носи нови фудбалери во екипата.
28-годишниот голман Урош Ѓуриќ повеќе не е дел од тимот. Српскиот интернационалец бранеше за стружани во два наврати, а во втората авантура издржа една година. Исто така Струга се раздели и со Дејан Цветаноски. 31-годишниот офанзивец веќе има нов клуб, тоа е кратовски Силекс.
Управата на Струга ТЉ наскоро ќе донесе нови имиња за играчите кои заминаа во овој преоден рок.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк