• Мартин Танасковски

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), екипата на Струга Трим Љум, имаше успешна генералка и ги заокружи подготовките со победа.
Стружани беа сигурни против Воска Спорт, која успеаја да ја совладаат со 2-0. По еден гол падна во двете полувремиња, во првото погоди Муарем, во вториот дел стрелец беше Бесарт Ибраими.
Шкупи исто така дојде до победа, овој пат убедлива, над литвански Жалгирис кого го надигра со убедливи 4-0.
Беса убедлуиво го совлада Тетекс со 5-1 во второлигашкиот дуел. Стрелци за Беса беа Ивановски, Џемаили, Скендери (два гола) и Назифи.