ВИДЕО: Столе со еден од најлошите натпревари, Виљарел остана во трката за ЛЕ!

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, одигра еден од најлошите натпревари во дресот на Рајо Ваљекано оваа сезона, затоа што за само едно полувреме прими четири гола во пресметката со Виљареал, во претпоследниот денешен дуел од 36. коло на Примера.

  • Рајо Ваљекано - Виљареал 1-5:

Малиот клуб од Мадрид по двете реми средби во низа, тотално потфрли против „жолтата подморница“ и го впиша 16. овосезонски пораз во шпанската елита (1-5). Голеадата во шпанската престолнија ја отвори Педраза уште во третата минута, а Рајо експресно возврати и преку Гвардиола израмни на 1-1.

Сепак, до крајот на мечот Столе капитулираше уште четири пати (Фојт, Алкараз, Пау Торес и Педраза) и Виљареал впиша значајна победа во битката за излез во Европа. 

Големи три бода во трката за Лига Европа запиша и тимот на Реал Сосиедад, кој на свој терен со 3-0 славеше над Кадиз и остана на шестата позиција на табелата во Примера.

  • Реал Сосиедад - Кадиз 3-0:

Сорлот во првиот и Јанузај и Порту во вториот дел беа творци на победата на баскискиот тим, кој во следното коло го чека директен дуел за Европа токму со Виљареал.

Состави

Андони Ираола

4-4-2

    Унаи Емери

    4-3-3