Стојчевски ќе суди во Ѓорче, дербито во ВМФЛ за Ставрев

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди судиите за редовното коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) кое на програмата е овој викенд.

Фокусот ќе биде вперен кон Ѓорче Петров, каде Македонија ЃП го дочекува Шкупи. Таму ќе суди Игор Стојчевски, помошници ќе му бидат Даниел Василевски и Бранко Путилин. На средбата меѓу Тиквеш и Победа на центарот ќе стои Фуркан Идризи.

Струга ТЉ ќе ја пречека Брегалница, а таму главен судија е Благојче Ралевски. На дуелот во Струмица меѓу Академија Пандев и Работнички правдата ќе ја дели Јован Качевски, додека на дуелот Силекс - Шкендија арбитар ќе биде Стојанче Трпчевски.

Сите натпревари во ПМФЛ се играат во недела од 13:00 часот.

Најдобриот македонски судија Александар Ставрев ова коло ќе суди во ВМФЛ. Таму, фокусот е кон дерби-дуелот меѓу Вардар и Воска Спорт. Вардарци паднаа на второто место, Воска е нов лидер. Мечот се игра в сабота од 13:30 часот.