• Иван Димовски

Фудбалерите на Динамо Загреб по две реми средби се вратија на победите во Хрватската прва лига, откако славеа на гостувањето кај Горица со 0-2.
На овој натпревар во двата табори играа македонски интернационалци, но добија поштеда и беа резерви. Влатко Стојановски во 74. минута беше испратен на теренот, додека Стефан Ристовски ги одигра завршните десетина минути. Кај шампионот на оваа земја го немаше Аријан Адеми кој е повреден.
Пресметката на стадионот „Радник“ во Велика Горица се одигра со густа прекривка од магла. Иако видливоста беше слаба и дуелот беше прекинат, „модрите“ дојдоа до победата и трите бода. Динамо има проблеми со играта во последниот период, но сепак успеа да прокнижи бодови со головите на Бруно Петковиќ од пенал и Комнен Андриќ.
- Извештај од натпреварот:
Загрепчани се лидер на табелата со ист број бодови (27) како Ријека и Осијек, но шампионот има натпревар помалку. Од друга страна Горица на Стојановски има 18 бода и е шеста.