Стојановски: Дојдов во организиран клуб со големи амбиции

Македонскиот напаѓач Влатко Стојановски од денес официјално се врати во Хрватска и ќе игра за екипата на Горица. 24-годишниот напаѓач кој беше дел од Македонија на Европското првенство (ЕП) ги финализира сите детали и потпиша договор со тимот од ХНЛ-лигата до 2024 година. Доаѓа како слободен, откако претходно го раскина договорот со француски Ним.

„Се чувствувам одлично, драго ми е што дојдов во еден добро организиран клуб кој од година во година се повеќе напредува и има големи амбиции. Мотивиран сум и подготвен, очекувам само добри резултати и партии во овој дрес“, кратко изјави Стојановски.

Стојановски, кој има 24 години, замина во Ним во 2019 година од редовите на Ренова, а играше и за Шамбли. Претходно, тој настапуваше на терените во Хрватска во редовите на Дугопоље, РНК Сплит и Неретванац, а беше член и на македонски Металург.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.