Стојановски дебитираше, Ристовски и Динамо ја победија Горица во ХНЛ

Фудбалерите на Динамо Загреб ја запишаа втората првенствена победа во Хрватската прва лига, откако дома славеа против Горица, минимално со 1-0 (1-0). 

Пресметката на „Максимир“ ја оправда фаворитската улога на шампионот, кој поведе во првиот дел, а потоа рутински ја заврши својата работа и прокнижи бодови. Во тимот на „модрите“, едно полувреме одигра Стефан Ристовски, додека Аријан Адеми не беше во протоколот бидејќи се опоравува од повреда. На спротивната страна, деби настап за Горица имаше Влатко Стојановски, кој во 70. минута го замени Диеје. 

Околу натпреварот, Динамо беше подобар во првиот дел, притискаше и имаше контрола на топката. Сепак, не успеваше да го пронајде патот до мрежата, а во огромна мера им помогна Алби Дока кој во 36. минута си даде автогол. 

  • Извештај од натпреварот: 

Во продолжението темпото на игра падна. Динамо се обиде од далечина преку Мајер, а за Горица се закани Ловриќ. Стојановски влезе во игра, но не успеа да направи разлика. Домаќинот во завршницата имаше голема шанса, но зицер не реализираше Кастрати. 

Динамо по четири кола има две победи, по едно реми и пораз, што е неочекувано за бранителот на тронот. Од друга страна, Горица има две славја и три загубени дуели. 

Состави

Damir Krznar

4-4-2

    Krunoslav Rendulic

    4-4-2