ФОТО: Стефан Ристовски го одржа првиот тренинг со екипата на Спортинг Лисабон

Стефан Ристовски Спортинг

Македонскиот фудбалер, Стефан Ристовски вчера го одржа првиот официјален тренинг со екипата на Спортинг Лисабон.

Тој пристигна во Португалија пред неколку дена, кога го потпиша договорот со екипата од Лисабон за едногодишна позајмица. Ријека не сакаше да се откаже од својот најдобар дефанзивец, но на крај мораше да потклекне пред упорноста на португалскиот гигант.

Ристовски им се приклучи на новите соиграчи и за првпат тренираше под палката на тренерот Жорж Жесус. Екипата на Спортинг го отвора португалскиот шампионат на домашен терен против Виторија Сетубал, што ќе биде можност за деби на нашиот интернационалец.

По натпреварот во Примеира, следува квалификацискиот меч за Лигата на шампионите против романска Стеауа.