Стефан Ристовски доби „зелено светло“, може да преговара за трансфер

Македонскиот репрезентативен бек, Стефан Ристовски го привлече вниманието на себе по одличните партии во дресот на Спортинг. 

За него заинтересиран е бундеслигашот Волфсбург, кој сака да го доведе десниот бек во своите редови, а се шпекулираше дека Германците ќе мора да исплатат околу четири милиони евра на Спортинг. 

Португалскиот тим смета на услугите на Ристовски, но доколку пристигне задоволувачка понуда истата ќе биде прифатена. Според најавите, Спортинг му дозволил на Македонецот доколку има желба да преговара за трансфер.

Ристовски пред да пристигне во Лисабон играше за Ријека, откако не успеа да се наметне во италијанските екипи Парма, Кротоне, Фросиноне, Бари и Латина, а кариерата ја започна во дресот на Вардар. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.