Стефан и Милан се еден од трите братски пара на Европското првенство

Македонија во своите редови го има еден од трите братски пара, кои ќе бидат дел од претстојното Европско првенство.

Стефан и Милан Ристовски ќе имаат шанса заедно да ја претставуваат нашата репрезентација на фудбалскиот спектакл. Поискусниот има 29 години и е незаменлив на десната позиција, а помладиот ќе чека шанса за докажување од клупата за резерви.

Десниот бек цела деценија ги брани боите на македонскиот национален тим. Неговиот помлад брат дебитираше на приајтелскиот меч против Казахстан пред неколку дена и на истиот успеа да го постигне дебитантскиот погодок.

Торган и Еден Азар по вторпат ќе ја претставуваат Белгија на континенталниот собир. Последниот пар го сочинуваат Саули и Лео Ваисанен од Финска.