• Иван Димовски

Селекцијата на Македонија во фудбал ја израдува нацијата и се пласира на прво Европско првенство со победата во Тбилиси кај Грузија од 0-1.
Огромно славје следеше по завршувањето на натпреварот, како во таборот на репрезентацијата, така и по македонските улици. За миг сите заборавија на секојдневието и го поздравија подвигот на Македонија.
Момците на Игор Ангеловски денес во хотелот во Скопје си одржаа приватна забава со жива музика, а моментот го искористија бековите Стефан Ристовски и Езџан Алиоски. Двајцата играчи зедоа инструменти и ги покажаа своите таленти.
- Видеото од свирката на Стефан и Џани:
Времето за одмор и славје бргу мина бидејќи Ангеловски ќе мора да ја спреми репрезентацијата за неделниот дуел со Естонија на националната арена, а потоа и за патувањето на Кипар и мечот со Ерменија.