• Мартин Танасковски

Гоце Седлоски и Стивен Брадли, тренерите на Шкупи и Шамрок Роверс, ги одредија стартните состави пред реваншот од третото квалификациско коло во Лигата на Европа.
Кај чаирчани има принудни промени, затоа што Цефас и Хамиди се суспендирани, а во првиот тим се враќа Блертон Шеји кој ја одлежа суспензијата поради картони.
ШКУПИ (4-3-3): Наумовски, Тимовски, Фаустин, Маргвелашвили, Шеји; Али, Алварез, Куевен; Ѓорѓиев, Адетунџи, Ламане
Кај Шамрок Роверс, има три измени во однос на претходната средба, по една во секоја линија.
ШАМРОК (3-5-2): Манус; Харе, Клири, Грејс; Лајонс, О'Нил, Ватс, Тауел, Фин; Гафни, Грин
Натпреварот на Арената „Тодор Проески“ стартува од 21:00. Првиот меч во Република Ирска заврши со резултат 3-1 за Шамрок.