СТАРТНИ СОСТАВИ: Шкупи офанзивно против фаворитот Санта Клара

Гоце Седлоски нема да тактизира, стратегот на Шкупи тргнува офанзивно на натпреварот против Санта Клара во рамки на второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

Чаирчани првиот меч со португалската екипа го играат дома, па ќе одат на гол повеќе. Исто како и со Лапи, Шкупи ќе напаѓа од првата минута, со тројца напаѓачи.

ШКУПИ (4-3-3): Наумовски; Китановски, Рватабуаје, Фаустин, Зука; Али, Алварез, Чешмеџиев; Маркоски, Ѓорѓиевски, Цветаноски

САНТА КЛАРА (4-3-3): Переира; Рафаел Рамос, Жоао Алфонсо, Вилануеава, Мансур; Карваљо, Линколн, Морита; Алано, Крисан, Карлос

Натпреварот меѓу Шкупи и Санта Клара стартува од 20:00 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.