СТАРТНИ СОСТАВИ: Пеп со сите оружја по победа во Лисабон

Пеп Гвардиола, стратегот на Манчестер Сити, со сите играчи ќе располага на гостувањето кај Спортинг во Лисабон во рамки на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Шпанскиот стратег ќе напаѓа со Рахем Стерлинг кој е во форма и минатото коло постигна хет-трик во Премиер лигата, тука се и Де Брујне, Марез, Фоден...

МАНЧЕСТЕР СИТИ (4-3-3): Едерсон; Стоунс, Диас, Лапорте, Кансело; Родри, Де Брујне; Бернардо; Марез, Фоден; Стерлинг

СПОРТИНГ (3-4-3): Адан; Инасио, Коатес, Есагио; Педро Поро, Жоао Палиња, Матеус Нунез, Матеус Реис; Сарабиа, Паулињо, Педро Гонсалвес

Дуелот во Португалија стартува од 21:00 часот.