СТАРТНИ СОСТАВИ: Дешамп со сите напаѓачки сили, Лев без Вернер и Сане!

Најголемото дерби на групната фаза, за неполн час ќе го одиграат селекциите на Франција и Германија. 

Иако „триколорите“ фигурираат како домаќин, во Минхен јасно е кој ќе го има „дванаесеттиот“ играч од трибините. Овој натпревар очекувано привлече огромно внимание, бидејќи среќата посака да се игра во групната фаза, па уште и во првото коло. На неполн час до првиот судиски свиреж, селекторите ги „отворија картите“. 

Дидие Дешамп како номинален домаќин, ќе ги нападне бодовите со Мбапе, Гризман и Бензема. Од друга страна, Јоаким Лев се реши да одигра со Гнабри како „лажна деветка“, а без Вернер и Сане.. 

  • Стартните состави: 

ФРАНЦИЈА: Лорис; Лукас Хернандез, Кимпембе, Варан, Павар; Канте, Погба, Рабио; Гризман; Мбапе, Бензема.

ГЕРМАНИЈА: Нојер; Гинтер, Хумелс, Рудигер; Кимих, Гундоган, Крос, Госенс; Хаверц, Милер; Гнабри. 

Овие две репрезентации котираат највисоко меѓу фаворитите за европската титула, а во Минхен се очекува да приредат спектакл.

Состави

Дидие Дешамп

4-3-1-2

    Јоаким Лев

    3-4-2-1