Станковиќ ќе добие 700.000 евра во Сампдорија и бонус ако ја спаси

Српскиот тренер Дејан Станковиќ ќе работи во Серија А како тренер на Сампдорија, а целта до крајот е опстанок во елитното друштво.

44-годишникот дојде во клубот по разделбата со Црвена Звезда откако не успеа да ја внесе во Лигата на шампионите. Двете страни постигнаа договор на една сезона, со можност истиот да биде продолжен ако Сампдорија се спаси во Серија А.

Од Италија велат дека платата на Станковиќ во тимот од Џенова ќе изнесува 700.000 евра. Во договорот на двете страни постојат и бонуси кои ќе се активираат доколку Сампдорија обезбеди опстанок.

Неофицијално, заедно со бонусот, Станковиќ ќе добие нешто под 1,2 милиони евра во Сампдорија за една сезона доколку ги исполни клупските цели.