Станковиќ: Ќе биде „жешко“ со Макаби, не се влегува лесно во ЛШ

Екипата на Црвена Звезда убедливо со 7-0 го доби двомечот со ерменски Пјуник и се пласираше во плеј-офот за Лигата на шампионите. Таму за ривал ќе го имаат Макаби Хаифа, кој во квалификациите го „тресна“ Олимпијакос. 

Тренерот на српскиот тим Дејан Станковиќ призна дека нема да биде лесно, меѓутоа најави дека неговиот тим ќе оди на победи. 

„Обврска кон клубот ни дава мотив за да одиме на победа на секој натпревар. Интензитетот во Ерменија не беше како во Белград, но важно е дека во секој момент го имавме мечот под контрола. Не чека тежок двомеч, нема да биде лесно, меѓутоа јасно е дека не се влегува во ЛШ туку така. Ќе биде тешко кај нив, но и во Белград. Ги гледав во дуелот против Олимпијакос, Макаби има брзина, способност и квалитет во сите сегменти на играта. Детали ќе одлучуваат, размислуваме позитивно“, кажа Станковиќ.

Со пласманот во плеј-офот во елитното натпреварување, Црвена Звезда си обезбеди сигурна групна фаза во Лигата на Европа, меѓутоа амбициите на клубот се високи.