• Иван Димовски

Единсон Кавани имаше сезона за заборав во таборот на Манчестер Јунајтед. 35-годишниот напаѓач беше во втор план, најчесто како резервист и доби шанса на само 20 натпревари сезонава откако во клубот се врати Кристијано Роналдо.
Ситуацијата во која се наоѓа ѕвездата од Уругвај со сигурност не е лесна, а по последниот натпревар во Премиер лигата и поразот од Кристал Палас, камерите уловија интересен момент. Кавани при влегувањето во автобусот доби повици од насобраните фанови, а им одговори со среден прст.
- Срамниот потег на Кавани:
Cavani after the Palace game today pic.twitter.com/kukJlTLzb9
— EM (@UtdEM_) May 22, 2022
Договорот на Уругваецот истекува во јуни, а тој дефинитивно заминува од таборот на „црвените ѓаволи“. Поради тоа, срамниот потег е истовремено и еден вид на збогување со навивачите на Манчестер Јунајтед.
За Кавани, се споменува опција да заигра во Шпанија, откако оваа сезона на 20 настапи даде само два гола и впиша една асистенција.