Спортинг нема што да бара во Манчестер, Сити е веќе четвртфиналист

Кога првиот натпревар некој од тимовите ќе го добие со 5-0, и тоа на гости, најчесто е тешко да се најде мотив во реваншот. Меѓутоа, ниту играчите на Манчестер Сити, ниту нивниот тренер Пеп Гвардиола, нема да го имаат споменатиот проблем кога во среда на „Етихад“ ќе го дочекаат португалски Спортинг Лисабон во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите и тоа поради неколку причини.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Манчестер Сити и Спортинг

Една од нив е борбата за преостанатите две домашни, а индиректно и третата титула, која единствена им фали, а силно се посакува – славниот „долгоушко“ кој УЕФА го доделува на најдобрата екипа на Стариот континент. „Граѓаните“ засега успешно одолеваа на нападите од најблискиот следбеник во Премиер лигата, Ливерпул, од кого имаат шест бода повеќе, но и натпревар плус, така што не смеат да се опуштат. Така Гвардиола ќе настојува целата екипа да остане во полн натпреварувачки ритам, па скоро сигурно ќе направи доста измени во однос на тимот кој во неделата практично со половина сила славеше во градското дерби и баш тоа е прилика одбраната на лисабонските „лавови“ уште еднаш да се стави на мака, пред сѐ од страна на Рахим Стерлинг и Габриел Жезус.

Квоти за останатите натпревари во Лигата на шампионите

Истовремено евентуален нов убедлив триумф на англискиот првак ќе испрати силна порака до конкуренцијата во најсилното клупско натпреварување, а тоа е единствено реално сценарио затоа што Спортинг нема квалитет сериозно да се закани кон одбраната на Сити без разлика на тоа што нејзиниот клучен член, португалскиот репрезентативец Рубен Диаз, ќе биде надвор од терените помеѓу четири и шест недели.