Спортинг и Ристовски можат до ЛШ, но реалноста кажува...

Математиката вели дека Спортинг може да дојде до Лигата на шампионите: на три кола пред крајот тимот има девет бода помалку од Бенфика со која има и меѓусебен дуел во последната рунда. Реалноста кажува нешто друго: ем „Лавовите“ би морале да победат на сите три средби, а „Орлите“ да не освојат ниту еден бод, ем би морале да надминат 0:2 во првата средба во оваа сезона со најлутиот ривал.

Покрај тоа, во целата ситуација е вмешан и Порто на кој и нерешен резултат од овој натпревар би му ја донел 29-тата титула во првенството, додека за гостите нерешен резултат би бил рамен на пораз, а со победа поголема услуга би ѝ направиле на Бенфика, отколку на самите себе, така што единствен исход кој што го гледаме на „Драгао“ е „кец“.

Свесни сме дека горенаведеното звучи како теорија на заговор, ама нема да е првпат некое португалско дерби да заврши по принципот на „да му цркне козата на комшијата“. Притоа, Порто по реактивацијата на фудбалот во Португалија е немилосрден домаќин. Дојде до триумф на сите три натпревари на домашно тло и воедно ја сочува сопствената мрежа недопрена. Истовремено и традицијата е на негова страна, затоа што има три победи на последните три меѓусебни средби со „зелено-белите“ кога игра дома. 

Погледнете ги останатите коефициенти од Примеира >>>

А, ниту еден од изминатите три дуели во „змејовото гнездо“ на овие два тима не беше важен како овој сега. Сигурни сме дека тимот на Сержо Консеисао извлече поука од ланската сезона во која поради сопствени грешки ја загуби круната и ѝ ја сервира на Бенфика. Спортинг, во чии редови настапува Стефан Ристовски, нема пораз на осум првенствени средби откако Рубен Аморим пристигна од Брага да го води тимот (шест победи и две ремија), но се очекува на таа серија да ѝ дојде крајот.

Дуелите на Порто и Спортинг најчесто носат 2-4 гола, па разгледајте ја таа опција доколку победа на домаќинот ви буди некаков сомнеж. Но, доколку верувате во Порто, тогаш може да одиграте комбиниран тип со победа на домаќинот и голови, затоа што квотата е доста примамлива.