• Зоран Мишевски

Португалскиот првак Спортинг од Лисабон ја потврди одличната форма во Примеира оваа сезона и извојува голема победа на „Да Луж“ во градското дерби против Бенфика со 1-3 (0-1).
Лисабонско дерби мина во знакот на момците на Аморим, кои од првата минута се наметнаа и извојуваа победа на теренот на кој само Баерн се радуваше сезонава. Сарабија донесе водство за гостите во осмата минута, а Паулињо зголеми на 0-2 во 62. минута. Жорж Жесус целосно се отвори и Матеус во 68. минута по третпат погоди за Спортинг. Бенфика во судиското надополнување преку Пици само го ублажи поразот.
- Извештaj од натпреварот:
Со оваа победа Спортинг му побегна на својот градски ривал за четири бода и остана залепен за Порто на врвот со по 45 бода. „Змејовите“ вечерва извојуваа победа на теренот на Портимоменсе со 0-3.