Според Тухел нема изразит фаворит: Многу екипи може да ја освојат ЛШ

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, смета дека оваа сезона во Лигата на шампионите нема изразити фаворити за трофејот, односно дека многу клубови се сместени во потесниот круг за освојување на елитното натпреварување.

Неговиот Челзи минатата сезона приреди изненадување и по вторпат во историјата се искачи на врвот во Лигата на шампионите, откако во големото финале славеше над англискиот ривал Манчестер Сити.

„Има многу тимови кои можат да ја освојат Лигата на шампионите оваа сезона. За да се стигне до тој успех ќе треба среќа, импулс и добар тим. Ова натпреварување е многу отворено“, рече Тухел.

Актуелниот шампион на Европа, денес ќе се сретне со руски Зенит, во натпреварот од првото коло од групата Х од Лигата на шампионите.