• Зоран Мишевски

Герет Бејл се врати во репрезентацијата на Велс и помогна во гостинската победа во Баку против Азербејџан со 0-2 (0-2), со што островајните останаа во игра за втората позиција во групата Е од евро-квалификациите.
Киофор и Вилсон во првиот дел ја погодија домашната мрежа, а во продолжението и домаќините имаа свои шанси. Со оваа трета победа Велс чека пораз на Словачка во Ријека за да остане во игра пред последното коло.
- Азербејџан - Велс 0-2:
Словенија ја покажа цела неубедливост во квалификациите со домашната победа над Летонија со 1-0 (0-0) во рамките на групата Г, во која што игра и Македонија. Тарасов ја погоди сопствената мрежа на почетокот од второто полувреме. Словенците со овие три бода се вратија во игра за третата позиција во групата, за која конкурираат и Израел и нашата репрезентација.
- Словенија - Летонија 1-0:
Веќе квалификуваните Русија и Белгија одиграа феноменален натпревар во Санкт Петербург. „Црвените ѓаволи“ одиграа блескав натпревар и исвојуваа победа од 1-4, како потврда на првото место во групата И.
Репрезентацијата која прва се квалификува за Европското првенство следната година имаше братски тандем меѓу стрелците. Торген Азар со прекрасен гол го отвори резултатот во 19. минута. До полувремето, по иницијативи на Кевин Де Брујне, Еден Азар двапати го совлада Гиљерме и го реши прашањето на победникот.
Лукаку во 72. минута зголеми на 0-4, а единствениот гол за репрезентацијата на Станислав Черчесов го постигна Јикиа во 79. минута.
- Русија - Белгија 1-4:
Очекувана гостинска победа запиша и Казахстан, кој кај Сан Марино славеше со 1-3 со головите на Зејнутдинов, Гафурзан и Шјоткин.
Победа на гостински терен оствари и Шкотска, која во рамките на групата И, попладнево славеше во Никозија против Кипар со 1-2 со головите на Кристи и МекГин.
- Кипар - Велс 1-2:
Пет натпревари се играат вечерва, а меѓу нив е и нашето гостување во Виена против Австрија.