ВИДЕО: Спектакуларен гол на Зијеч, екс-клубот на Конте му го нанесе првиот пораз во ПЛ 

Конечно радост и насмевки кај синиот дел од Лондон. По катастрофалниот период, во кој запишаа три ремија и еден пораз во низа, фудбалерите на Челзи извојуваа победа во Премиер лигата, прва во 2022 година.

Во големото лондонско дерби, европскиот шампион конечно заличи на себе и со два гола во второт дел му го нанесе првиот пораз на Тотенхем по пауза од девет кола, а воедно и прв пораз на Антонио Конте како менаџер на „петлите“ во англиската елита (2-0).

  • Извештај од натпреварот:

Ромелу Лукаку и младиот Хадсон Одои ја доби довербата на Тухел и започнаа од првата минута во нападот на Челзи, додека на спротивната страна Бергвајн доби предност во однос на Лукас Моура и беше партнер на Кејн. Но, иако двете екипи тргнаа со офанзивни формации, првиот дел мина во мирна и такрична игра и без ниту една посериозна шанса за погодок. 

Но, затоа стартот на вториот дел донесе експлозија на „сините“ и два гола за само осум минути. Во 47. минута Зијеч доби топката од Хоџсон Одои и со велемајсторски удар од полудесно го совлада Лорис и ги израдува домашните фанови. Веднаш потоа асистенција запиша Маунт, додека конечните 2-0 ги постави искусниот Тиаго Силва.

Тотенхем ниту по негативата не можеше да ја пронајде својата игра, па затоа за издвојување е само полушансата на Кејн во 86. минута. Во следното коло Челзи повторно ќе игра градско дерби, овој пат со Арсенал, додека Тотенхем за противник го има Саутемптон.

Состави

Томас Тухел

4-4-2

    Антонио Конте

    3-4-3