Спектакл во Кавадарци: Три мак-гиганти на турнирот „Вуко Каров“

По пауза од една година поради пандемијата со ковид-19, в недела на 25 јули ке се одржи 21-то издание на традиционалниот меморијален фудбалски турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди“. Оваа година, покрај организаторот ГФК Тиквеш, на турнирот ке учествуваат и екипите на Вардар од Скопје и Победа од Прилеп.

Ќе се игра по италијански систем, секој со секого по едно полувреме.

Програма на турнирот:
17-00 - Вардар - Победа
17-45 - Тиквеш - Вардар
18-30 - Тиквеш - Победа
* Ако натпреварот заврши нерешено, се изведуваат казнени удари

Свечено отварање на турнирот е закажано за 16:30 часот, а почетокот на натпреварите во 17:00 часот.

Знаете ли кој беше Вуко Каров? Роден е на петти септември 1931 година во Кавадарци.. Денес е оознат како еден од најдобрите фудбалери во историјата на кавадаречкиот фудбал и значаен општествено-политички работник во Кавадарци. Работел во неколку претпријатија во градот како „Тиквеш транс“, „ДИК Страшо Пинџур“, „Тиквешко поле“. Од 1963 до 1969 година ја врши функцијата потпретседател на собранието на Општина Кавадарци, а во 1964 година станува претседател на собранието на Општината. Сепак, неговото име е поврзано и е синоним на фудбалската игра. За него добрите познавачи на фудбалот зборуваа дека бил џенталмен со копачки и волшебник со топката. Покрај што играше за Тиквеш, Вуко настапуваше за скопски Вардар“и долго се зборува за неговата партија против Хајдук од Сплит, кога од 40-тина метри му дал гол на Владимир Беара. Вуко настапуваше и за младинската репрезентација на Македовија во Франција во 1952 година. Својата фудбалска кариера ја заврши во својот матичен клуб - Тиквеш во 1963 година