ВИДЕО: Специја до спорен пресврт со Милан, Ибра цинично се смееше од мака!

Екипата на Специја се надмина и среде „Сан Сиро“ успеа да слави над Милан (1-2) кој испушти шанса да дојде на врвот во Серија А.

  • Милан - Специја 1-2:

„Росонерите“ имаа предност на полувремето, многумина очекуваа лесна победа, ама настаните на теренот не се движеа по тој терк. Милан доби пенал во 45. минута кој не го реализира Хернандез, но промашувањето го исправи Леао и донесе предност.

Се играше 64. минута, кога Агудело изедначи на 1-1, а во самиот финиш, по спорна ситуација и негодувања на судиска одлука, Специја дојде до целосен резултатски пресврт преку Гјаси дури во 95. минута од мечот во Милано.

  • Спорниот момент во завршницата на натпреварот:

Причините за незадоволство кај Милан беа затоа што Месиас постигна евро-гол за предност на „росонерите“, но судијата реши да не почитува предност и досуди фаул. Од тој слободен Ибра имаше шанса за гол, но чуварот на мрежата на Специја одбрани врвно, па некоја минута подоцна преку контра следеше погодокот за успех на гостинот.

  • Болоња - Наполи 0-2:

Ељиф Елмас имаше удел во победата на Наполи на гостувањето кај Болоња (0-2). Македонскиот „дијамант“ тргна од првата минута и асистираше за првиот погодок на наполитанците кој го постигна Лозано во 20. минута. Во вториот дел, Лозано со втор погодок ги постави конечните 0-2.

Состави

Стефано Пиоли

4-2-3-1

    Лука Готи

    4-3-3