ВИДЕО: Спартак го уништи славјето на Елмас, Наполи не издржа и загуби во ЛЕ

Фудбалерите на Спартак Москва ја искористија бројчаната предност која ја имаа на „Диего Армандо Марадона“ и го победија Наполи со 2-3 (1-0) во второто коло на Лигата на Европа. Македонскиот „бисер“ Ељиф Елмас беше стрелец за водство, но Марио Руи рано доби црвен картон, па работите на теренот се променија. Русите го искористија исклучувањето, направија пресврт и го оставија Наполи без бодови во ова натпреварување. 

  • Голот на Елмас против Спартак Москва: 

Само 11 секунди му беа потребни на Елмас да го отвори резултатот. Брзата акција тргна од левата страна, Политано уфрли и голманот реагираше катастрофално, а тоа го искористи репрезентативецот на Македонија и даде еден од најбрзите голови во натпреварувањето. 

Наполи играше полетно и притискаше за втор гол, но Спартак го одби налетот. Голем пех за Спалети беше црвениот картон на Марио Руи. Бекот невнимателно стартуваше со отворен ѓон директно на нога на противник, па по преглед на ВАР снимката беше исклучен. Тој момент се испостави како клучен, бидејќи Русите тргнаа посмело и поофанзивно по него. Пред полувремето, судијата од Словачка покажа и на белата точка, но го повикаа да ја провери ситуацијата и ја смени одлуката. 

Сепак, избраниците на Лучијано Спалети не издржаа премногу пред противничкиот налет во второто полувреме. Најквалитетниот играч на Спартак, Квинси Промес во 55. минута стрелаше за 1-1 и најави дека рускиот тим сака цел плен. Иако притискаа, Наполи не попушти лесно, а „партенопеите“ дадоа и еден гол преку Манолас кој беше поништен поради офсајд. 

Одбраната на домашните пак капитулираше во 81. минута. Микаил Игњатов се најде на вистинското место, на линијата од шеснаесетникот сочека проигрување од Аиртон и погоди за пресврт (1-2). Промес се погрижи Спартак да има мирен финиш, па во 90. минута по одлична тимска акција стрелаше за два гола позитива.

Црвен картон во 83. минута заработи и Кофриз од Спартак. Наполи не се откажа и во четвртата минута од продолжението Виктор Осимхен ја врати надежта. Сепак, немаше доволно време за кам-бек иако домаќинот напаѓаше до последната секунда. 

  • Извештај од натпреварот: 

Во оваа група Легија е лидер, откако го шокираше Лестер со триумф од 1-0 и има шест бода. По ова коло три ќе има Спартак Москва, додека на дното се Наполи и Лестер со по еден бод. 

Состави

Лучијано Спалети

4-4-2

    Rui Vitoria

    4-4-2