Спалети не се ракуваше со Виторија по поразот во Москва и објасни зошто го направи тоа

Лучијано Спалети, тренерот на Наполи, е мета на критики заради непрофесионалниот потег што го направи на мечот во Москва, откако по последниот судиски свиреж одби да се ракува  со својот колега од клупата на Спартак, Руи Виторија.

Во петтото коло од Лига Европа, Русите го совладаа лидерот во Серија А со 2-1 и се израмнија со избраниците на Спалети на врвот во групата Ц. По мечот италијанскиот стратег ја откри причината за ваквата одлука.

„Зошто не се ракував? Затоа што не ме поздрави пред натпреварот. Кога ќе ги видите гостите, треба веднаш да ги поздравите, а не на крајот на натпреварот, по поразот. Бевме на десет метри, не ме поздрави. Во такви ситуации секогаш одам кај тренерот на противникот и се ракувам со него“, рече Спалети.

Спартак и Наполи имаат по седум бода пред крајот на групната фаза, Легија шест, а Лестер пет. Англичаните во четврток ја пречекуваат полскиот претставник.

Состави

Guillermo Abascal Perez

4-3-3

    Руди Гарсија

    4-2-3-1