ВИДЕО: Спалети дојде до клупата на Спартак, но не знаеше кој е главен тренер

Екипата на Наполи претрпе болен пораз во дуелот од второто коло на Лигата на Европа, откако на свој терен испушти предност и загуби од Спартак Москва со 2-3 (1-0). Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас донесе водство по само 11 секунди, но Марио Руи заработи црвен картон, па Русите го искористија тоа. 

По крајот на драмата во Неапол, тренерот на домашните Лучијано Спалети спортски тргна да се поздрави со својот ривал на спротивната страна. Тој дојде до клупата на Спартак, сакајќи да се поздрави со тренерот, но не знаеше кој е предводник на тимот па му покажаа. 

  • Комичната сцена по крајот на дуелот во Неапол: 

Наполи по две кола има само бод во групата, од ремито со Лестер во првото коло. Битката за пласман во нокаут рундата на Лигата на Европа ќе биде тешка, пред сè бидејќи Легија веќе има шест бода на врвот.  

Состави

Лучијано Спалети

4-4-2

    Rui Vitoria

    4-4-2