Сосема очекувано: Леао МВП, Пиоли тренер на сезоната во Серија А!

Откако Милан го освои трофејот во Серија А, немаше сомнеж дека признанијата кои челниците на лигата не ги доделија претходно, ќе завршат во таборот на „росонерите“. 

Рафаел Леао е избран за играч на сезоната, откако го поведе Милан до деветнаесеттото скудето. Португалецот до МВП признанието дојде со единаесет погодоци и десет асистенции. Леао особено блескаше во завршницата на сезоната, на последните шест натпревари учествуваше директно во девет од тринаесет гола на тимот. Тој беше најдобар стрелец на „росонерите“ и главен играч во ростерот. 

Исто така, признанието за тренер на годината замина во рацете на Стефано Пиоли. Скромниот стратег кој успеа од младиот Милан да направи шампионски колектив го издржа притисокот и проблемите кои ги следеа, па сосема заслужено го крена трофејот за првакот во Италија. 

Покрај овие двајца, за најдобар голман оваа сезона беше избран Мајк Мењон од таборот на шампионот. Доколку последното коло и битката за титулата имаше поинаков исход, веројатно и изборот ќе беше поинаков.