ВИДЕО: Сон го реши дербито, Тотенхем слави во „генералката“ со Арсенал

Фудбалерите на Тотенхем го добија пријателскиот натпревар против ривалот Арсенал со 1-0 (0-0), во рамките на подготовките за новата сезона. Премиер лигата стартува следниот викенд, а прволигашките си договорија квалитетни тестови за овој. „Петлите“ на Нуно Еспирито Санто успеаја да го добијат неизвесниот дуел, кој го реши Хеунг Мин Сон. 

  • Извештај од натпреварот: 

Уште на самиот старт, Артета во тимот им даде шанса на двајцата новајлии, Бен Вајт и Локонга. На спротивната страна, Санто го постави тимот со „испробани сили“. Првиот дел мина во испитување на силите, без премногу ризик и интензитет. 

Во второто полувреме и покрај многуте измени, натпреварот доби на атрактивност. Иако немаше премногу шанси, Тотенхем успеа да ја искористи својата најдобра за да дојде до предност. Во период од играта кој целосно им припадна на „петлите“, падна и првиот гол кој беше дело на Хеунг Мин Сон. По голема битка на десната страна, Танганга се избори за топката и ја протна до Кореецот, кој лесно го матира Лено за 1-0. 

До крајот немаше резултатски промени и победата остана за Тотенхем.