ВИДЕО: Соиграч на Тричковски загуби глава и физички нападна фоторепортер во Белград

Ненад Томовиќ

АЕК Ларнака одигра 2-2 на гости кај Партизан и успеа да го добие двомечот и да се пласира во плеј-офот за место во Лига Европа.

Српскиот интернационалец од редовите на гостинскиот тим Ненад Томовиќ направи инцидент по завршување на натпреварот. Тој физички нападна фоторепортер и потоа објасни зошто се одлучи за таква реакција:

„Никогаш немаше да реагирам така, но овој човек цело второ полувреме ги пцуеше моите деца и постојано ме навредуваше. Да не ги спомнеше моите деца немаше да реагирам така“.

Иван Тричковски беше прв кој застана покрај својот соиграч и го тргна настрана, во обид да спречи поголем хаос на теренот.