ВИДЕО: Смит-Роу повторно херој на Арсенал, Конте со реми дебитираше за Тотенхем

Фудбалерите на Арсенал продолжуваат со фантастичните игри и резултати во овој дел од сезоната и денес ја забележаа третата победа во низа, од вкупно шест во новиот шампионат на Премиер лигата.

Пред разиграните избраници на Микел Артета падна тимот на Вотфорд, предводен од Клаудио Раниери, во натпревар во кој „топџиите“ доминираа и испуштија голем број на шанси, а до посакуваната победа стигнаа со еден постигнат гол.

  • Арсенал - Вотфорд 1-0:

Само што започна натпреварот на „Емирати“, Сака ја стресе гостинската мрежа, но ВАР му го поништи погодокот, додека пред крајот на првиот дел капитенот Обамејанг не реализира удар од единаесет метри, па на полувреме мрежите мируваа. Сепак, само што започна вториот дел, младиот Смит-Роу повторно се најде на вистинско место и по погодокот против Лестер во претходното коло, пак се истакна во составот на Арсенал и беше најазаслужен за денешниот триумф над лондонскиот ривал.

Попладнево се одиграа уште два натпревари во Премиер лигата, на кои Антонио Конте со реми без голови дебитираше на клупата на Евертон, додека без победник заврши и дуелот меѓу Лестер Сити и Лидс Јунајтед (1-1).

  • Евертон - Тотенхем 0-0

На „Еланд Роуд“ Рафиња со гол во 26. минута донесе предноста за Лидс од 1-0, но „лисиците“ не дозволија нов пораз, по оној од Арсенал во претходното коло и преку Барнс се изборија за реми и бод од тешкото гостување.

  • Лидс - Лестер 1-1:

Дербито меѓу Вест Хем и Ливерпул, попладнево во Лондон, ќе го затвори премиерлигашкото коло.

Состави

Микел Артета

4-4-1-1

    Клаудио Раниери

    4-1-4-1