• Иван Димовски

Екипата на Милан го освои скудетото по пауза од единаесет години, добивајќи ја трката за врвот со градскиот ривал Интер. „Росонерите“ над сите очекувања дојдоа до титулата во Серија А, со релативно послаб тим, но многу желба и решителност. Еден од најважните дуели во завршницата на сезоната за Милан беше домашниот меч со Аталанта.
По мирен прв дел, Рафаел Леао донесе предност, а потоа Тео Хернандез изведе ремек-дело за потврда на победата. Токму погодокот на францускиот бек е избран за најдобар на сезоната 2021/22. Хернандез доби топка на својата половина пред својот шеснаесетник, истрча речиси цел терен и ладно ја пласира крај голманот Мусо.
- Атрактивниот гол на Тео Хернандез на „Сан Сиро“:
Go della Stagione #SerieATIM 2021/2022 va a...
presented by @cryptocom! #GOTS pic.twitter.com/dBpldkJSKD
— Lega Serie A (@SerieA) June 25, 2022
Челниците на Серија А вчера го објавија официјалниот календар за следната сезона, а денес му го доделија признанието на Тео Хернандез за најубавиот погодок.