Скопје во меч со пет гола подобар од Тетекс

Екипата на Скопје продолжи со тестовите и во натпревар со пет гола беше подобар (3-2) од второлигашот Тетекс.

„Пиратите“ и „штофарите“ имаа доста интересна средба, а по првиот дел беше нерешено. Прво, Тетекс дојде до предност преку Иванов, а потоа, најистурениот напаѓач на Скопје, Ален Јашароски, изедначи на 1-1.

Во вториот дел, Филип Трајановски и Алексо Новески донесоа предност од 3-1 за Скопје на „Автокоманда“, а во 83. минута, Тетекс го намали поразот преку Дамјан Масевски.