Скандал во Португалија: Бенфика обвинета за местење натпревари!

Португалскиот фудбал го тресе голем скандал. Обвиненија за местење натпревари се поднесени против гигантот Бенфика и претседателот Цезар Мануел Руи Коста. Сите членови на одборот на директори од 2016-2020 година, како и актуелните директори на Бенфика, ќе бидат дел од проширена истрага. Меѓу нив е и Руи Коста, поранешниот играч за врска на Милан, Фиорентина, Бенфика и репрезентацијата на Португалија, а сега претседатело на најтрофејниот португалски клуб.

50-годишниот Руи Коста ја презеде Бенфика во летото 2021 година, заменувајќи го Луис Филипе Виеира на кормилото на лисабонскиот клуб, кој поднесе оставка поради обвинувањата за измама и затајување данок. 

Во досегашната истрага, досието на обвинителите е исполнето со наводи за местење натпревари. Двократниот европски првак потврди дека се отворен за соработка со надлежните органи.