ВИДЕО: Скандал во Антверпeн – Трап за малку не настрада од пиротехнички средства

Натпреварот меѓу Антверпен и Ајнтрахт Франкфурт во второто коло на Лигата на Европа привлече огромно внимание. Германците доцна го решија со гол од белата точка и славеа со 0-1, но фудбалот падна во сенка од случките на трибините. 

Домашните фанови во Антверпен, за малку не направија голем скандал. Имено, навивачите фрлија со пиротехни средства кон голманот Кевин Трап. За среќа, не го погодија, но пукна веднаш зад него и му беше укажана лекарска помош. 

  • Моментот кога фановите фрлаа пиротехника кон Трап: 

Сепак, по укажаната помош Трап се стабилизираше и се врати на теренот па го бранеше натпреварот до самиот крај, а неговите соиграчи му подарија и победа.  

Состави

Brian Priske

4-4-2