ВИДЕО: Сити демонстрира моќ, со „петарда“ го отпиша Спортинг од ЛШ

Фудбалерите на Манчестер Сити одиграа неверојатна партија и со пет парчиња во мрежата на Спортинг (0-5) ќе го дочекаат португалскиот ривал за реваншот во осминафиналето на Лигата на шампионите. 

Пеп Гвардиола на „Жозе Алваладе“ во Лисабон се реши за Марез, Фоден и Стерлинг стандардно во напаѓачката линија, а тројцата му одговорија со погодоци. „Граѓаните“ со леснотија даваа голови кај Спортинг и веќе го решија двомечот. Домашните уморни од тешкото дерби со Порто викендов немаа сили за ништо против фаворитот. 

  • Извештај од натпреварот: 

Само седум минути им беа потребни на гостите да постигнат водечки погодок. Ријад Марез се најде на вистинско место за одбиена топка и погоди за 0-1. Сити не отстапи од офанзивниот пристап, а вториот гол беше дело на Бернардо Силва. Португалецот по еден корнер упати одличен волеј и од пречката погоди за 0-2. 

Веќе во 32. минута Сити поведе и со 0-3 откако Фил Фоден го пронајде патот до мрежата на Адан по асистенција на Марез. Тоа не беше сè во првиот дел, бидејќи својот втор гол го постигна Бернардо Силва во 44. минута. Португалскиот офанзивец погоди по проигрување од Стерлинг, за мирен втор дел ама и реванш во Манчестер. 

Иако водеа со четири гола, избраниците на Пеп Гвардиола продолжија со нападите. Тоа резултираше со гол за хет-трик на Силва, ама истиот беше поништен поради недозволена позиција. Сепак, Португалецот во 58. минута му асистира на Рахим Стерлинг кој ја заврши задачата и ја комплетира „петардата“ (0-5). 

Сити ќе има одлична позиција во реваншот и со пет гола е веќе во четвртфиналето на Лигата на шампионите. 

Состави

Рубен Амурим

3-4-3

    Пеп Гвардиола

    4-3-3