ВИДЕО: Симс во финишот го шокира Челзи, важен бод за Евертон во Лондон!

Екипата на Челзи денес на својот „Стемфорд Бриџ“ се соочи со незгодниот тим на Евертон во натпревар од 28. коло на Премиер лигата. „Сините“ беа подобар противник, но не успеаја да слават и дуелот заврши со резултат 2-2.

  • Извештај од натпреварот:

Иако ја имаше иницијативата во поголемиот дел од првото полувреме, Челзи не успеа да го совлада гостинскиот голман Пикфорд. Лондончани трипати се обидоа кон рамките на голот на Евертон, имаа и огромен посед на топката, но сепак мрежите мируваа до крајот на првите 45 минути. 

Вториот дел донесе сосема поинаква слика и многу поактивна игра, со неколку шанси на двете страни. Инцијативата на Челзи резултираше со вториот погодок во Премиер лигата на Жоао Феликс, засилувањето од Атлетико Мадрид (1-0). Евертон се обиде да направи нешто повеќе, гостите имаа две солидни прилики, а конечно успеаја да го израмнат резултатот по една мешаница во шеснаесетникот во која најдобро се снајде Абдулае Дукуре. Репрезентативецот на Мали со глава го совлада Кепа во 69. минута, за голема радост на гостинските навивачи (1-1).

Само седум минути подоцна Челзи се избори за најстрога казна по еден прекршок на Тарковски во својот шеснаесетник. Прецизен реализатор на пеналот беше Германецот Каи Хаверц во 76. минута и ги врати „сините“ во водство (2-1). 

Следуваше период на малку помирна игра, Челзи се обиде да го затвори приодот кон својот гол, а се чинеше дека Евертон немаше премногу одговори на таквата игра на домаќинот. Но така не мислеше нововлезениот Елис Симс, кој ја шокираше домашната публика со голот што го постигна во 90. минута од мечот и израмни на 2-2, а овој резултат на крајот се покажа и како конечен. 

Иако можеби Челзи ја заслужи победата, не успеа да ја оправда фаворитската улога на денешниот натпревар. Екипата на Потер сега е на десеттото место со 38 бодови, додека Евертон го очекува грчевита битка за опстанок во лигата. Тимот од Ливерпул сега е петнаесетти, со 26 освоени бодови. 

Состави

Френк Лампард

3-4-3

    Шон Дајч

    4-3-2-1